Достапни линкови

Ирак бара седница на ОН за турските трупи во земјата


Багдад побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации (ОН), во врска со присуството на турските трупи во северен Ирак. Портпаролот на ирачкото Министерството за надворешни работи, Ахмед Џамал, денеска соопшти дека барањето е направено од ирачкиот амбасадор во ОН да се разговара за „турските престапи и препреки.“ Ирак бара од Советот за безбедност да донесе резолуција која „ќе стави крај на прекршувањето на ирачкиот суверенитет од страна на туските трупи и на нивното непочитување на принципите на добрососедство“, рече Џамал.

XS
SM
MD
LG