Достапни линкови

Полските пратеници го отфрлија законот за забрана на абортусот


Протести против законот за абортус.

Протести против законот за абортус.

Полскиот Парламент со огромно мнозинство гласаше за отфрлање на контроверзниот нацрт закон којшто предвидуваше целосна забрана на абортусот. Десничарските и либералните пратеници во 450-члениот Долен дом на Палраментот ги здружија силите на денешното гласање и со 352 гласа за, 58 против и 18 воздржани го отфрлија предлогот.

Земјата веќе има еден од најрестриктивните закони за абортус во Европа, а предлог законот предвидуваше да се забранат сите абортуси, освен ако животот на мајката е во опасност.

Предлогот за построг закон дојде по иницијативата на граѓани кои се залагаат против абортусот, поддржани од црквата и од конзервативната владеачка партија, коишто собраа 450 илјади потписи. Иницијативата предизвика масовни протести од жените ширум земјата.

XS
SM
MD
LG