Достапни линкови

20 загинати во напад на ИД на сириско-турската граница


Во бомбашки напад извршен од групата на Исламската држава (ИД) во близина на сириската граница со Турција, убиени се најмалку 20 луѓе, повеќето од нив бунтовнички борци. Сириската опсерваторија за човекови права со содиште во Британија соопшти дека нападот се случил денеска на преминот Атмех, во провинцијата Идлиб и бил насочен кон бунтовниците од фракциите поддржани од Турција кои се борат против ИД.

Новинската агенција Амак, која е под контрола на ИД, соопшти дека бомбашот самоубиец целел бунтовнички конвој. Бунтовничките фракции во моментов се борат против бунтовниците на ИД и во друг граничен регион на северозападот, со поддршка на турската армија.

XS
SM
MD
LG