Достапни линкови

Еврокомесарот Хан идниот петок во посета на Скопје


Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, идниот петок на 14-ти октомври ќе ја посети Република Македонија. Во Скопје се предвидени средби со цел дискусија за организацијата на предвремените парламентарни избори во декември и имплементација на итните реформски приоритети.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич потврдила дека Хан ќе дојде два дена по предвиденото распуштање на македонскиот парламент со цел организирање на изборите на 11 декември.

„Ние можеме да потврдиме дека комесарот Хан ќе отпатува во Скопје следниот петок на 14 октомври. При оваа посета, тој ќе се состане со претставниците на четирите најголеми политички партии во земјата, со специјалниот обвинител и со претставници на граѓанското општество. Обемот на мисијата ќе биде дискусии за состојбите во земјата, особено на организацијата на изборите во декември, како и спроведувањето на Итните реформски приоритети“, вели Коцијанчич.

XS
SM
MD
LG