Достапни линкови

logo-print

Трамп го менува ставот, не го сака Путин, ама не го ни мрази


Американскиот републикански претсдателски кандидат Доналд Трамп кој е под притисок на неговиот демократски ривал Хилари Клинтон дека му се „додворува“ на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговиот однос со Путин ќе зависи од тоа како Москва ќе реагира на неговата силна администрација кога ќе дојде во Белата куќа. „Велат дека Трамп го сака Путин. Јас не сакам, јас не мразам. Ќе видиме како ќе оди“, изјави тој на еден собир во близина на Лас Вегас. Во време кога односите меѓу Москва и Вашингтон тонат поради неуспешната дипломатија околу Сирија, Трамп го фалеше Путин како силен лидер.

XS
SM
MD
LG