Достапни линкови

Во Турција отпуштени 3.456 судии и обвинители


Во рамките на кампањата на турските власти за чистење на државните институции од приврзаниците на исламскиот свештеник Фетула Ѓулен кој се обвинува за обидот за преврат, од должност се отсранети 3.456 судии и обвинители, јави турската телевизија „Си-Ен-Ен Турк“. Во оваа бројка спаѓаат и 66-те судии и обвинители, за кои Врховниот совет на судии и обвинители реши засекогаш да ги загубат овластувањата за нивната професија, откако беа привремено отстранети. Претходно, Советот, на 24 август донесе одлука за отпуштање на 2.847 судии и обвинители и на 2 септември беа отстранети од должност уште 543 од нив, потсетува телевизијата.

XS
SM
MD
LG