Достапни линкови

logo-print

Мигрантите кои маршираа до Унгарија, вратени во Белград


Стотината мигранти кои пешки тргнаа кон Унгарија во протест поради затворените граници на Европската унија и лошите услови во камповите го завршија нивниот марш и со автобуси од Инџија биле вратени во Белград. Мигрантите, главно авганистанци и пакистанци, како што соопштија српските власти, ќе бидат сместени во центрите за баратели на азил. Над 6 илјади мигранти останаа заглавени во Србија во преполни и нехигиенски бегалски кампови откако Унгарија воведе построги закони за барателите на азил. Србија најави дека ќе ги зајакне воените и полициските патроли на границата со Бугарија и Македонија за да го спречи илегалното влегување на мигрантите.

XS
SM
MD
LG