Достапни линкови

Франција посредува меѓу Русија и САД за резолуција за Сирија


Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро

Франција се обидува да посредува за донесување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН што ја подготви, со која се предвидува прекин на огнот во Сирија и испорака на хуманитарна помош во градот Алепо. Руското Министерство за надворешни работи потврди дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре во Москва ќе се сретне со неговиот француски колега Жан-Марк Еро. Москва не соопшти детали за агендата на состанокот, кој доаѓа во услови на зголемени тензии меѓу Русија и Западот околу руската поддршка за сириската влада во нападите врз бунтовничките населби во Алепо.

Француското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Еро ќе се обиде да ја убеди Русија да ја поддржи новата резолуција. По посетата на Москва, Еро на 7 октомври ќе отпатува во Вашингтон во обид да ги убеди американските власти да ја поддржат француската иницијатива.

XS
SM
MD
LG