Достапни линкови

Антонио Гутереш - нов шеф на ОН


Поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш

Поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш

Поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш веројатно ќе биде новиот генерален секретар на ОН, откако доби едногласна поддршка на клучното тајно гласање од Советот за безбедност на ОН, информираат дипломати во светската организација. Тие посочуваат дека ниту една од петте постојани членки на Советот за безбедност не ставила вето на кандидатурата на Гутереш на шестото тајно гласање од 15-члениот совет. Гутереш излезе на врвот по петте претходни тајни гласања.

Советот за безбедност утре официјално ќе гласа и ќе ја испрати својата препорака до Генералното собрание на ОН, кое исто така треба да спроведе гласање за да ја потврди одлуката на Советот за безбедност.

Вториот петгодишен мандат на сегашниот шеф на ОН Бан Ки-мун завршува кон крајот на годинава.

XS
SM
MD
LG