Достапни линкови

logo-print

Грција од 9 до 13 октомври ги откажува сите патнички летови поради штрајк


Сите летови од и до Грција се откажани од 9 до 13 октомври поради 24-часовни штрајкови на контролорите на воздушниот сообраќај.

Контролорите протестираат против предлог-законот за реструктуирање на цивилното воздухопловство кој синоќа беше поднесен во Парламентот.

Според синдикатот на контролорите на воздушниот сообраќај, штрајковите ќе почнуваат во 00:01 часот и ќе завршуваат во 23:59 часот.

XS
SM
MD
LG