Достапни линкови

logo-print

Отфрлено барањето на СЈО за изземање на судијката на претходна постапка за „Трезор“


Претседателот на Основниот суд Скопје 1 го отфрли барањето на СЈО за изземање на судијката на претходна постапка, кој треба да одлучува за определување мерки за претпазливост против три лица во случајот „Трезор“, поради неоснованост, информира судот. СЈО има право на жалба на оваа одлука во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје. СЈО побара изземање на судијката поради, како што велат, околности што упатуваат на сомнеж во нејзината непристраност. Поточно, деверот на судијката, односно братот на нејзиниот сопруг, според ова обвинителство, работи за фирма која е во блиски деловни односи со фирмата „Финзи“.

XS
SM
MD
LG