Достапни линкови

Демократскиот сојуз предлага измени на Законот за СЈО во редовна постапка


Павле Трајанов, лидер на Демократски сојуз

Демократскиот сојуз денеска во редовна собраниска постапка достави Предлог-закон за измени на Законот за Специјалното јавно обвинителство и Предлог-закон за промена на Законот за заштитени сведоци, со кои се предвидува продолжување на периодот за поднесување обвинение односно СЈО да може да користи заштитени сведоци во постапките против обвинетите. Како што соопштуваат од ДС, донесувањето на законите во редовна постапка отвора можност да се расправа на комисиите, како и на пленарна седница. ДС очекува аргументирана расправа и поддршка на СЈО.

XS
SM
MD
LG