Достапни линкови

Бугарија со ограда на границата со Грција и со Турција


B

B

Бугарија ќе гради жичана ограда долга 100 километри долж границата со Грција и со Турција и ќе распореди дополнителен број граничари во обид да се спречи прилив на мигранти. Заедно со постоечката структура вкупната должина на оградата ќе биде над 200 километри. Бугарија ги засили пограничните патроли, а на некои точки ги спроведува заедно со грчки граничари. Бугарската министерка за внатрешни работи Румијана Бачварова најави дека силите на граничарите ќе добијат 420 модерни џипови, хеликоптери, камери и специјална комуникациска опрема за прием на сигнали на мобилни телефони. Проектот ќе биде финансиран од фондови на ЕУ наменети за бегалската криза.

XS
SM
MD
LG