Достапни линкови

Филипинскиот претседател се закани дека ќе ги прекине односите со САД


Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се закани дека ќе ги прекине односите со долгогодишниот сојузник, Соединетите држави и ќе почне да купува оружје од Русија и Кина. Тој изјави дека претседателот Барак Обама одбил да и продаде оружје на неговата земја и затоа Обама треба да оди во пеколот. Белата куќа веднаш потоа соопшти дека официјална Манила не побарала никакви промени во долгогодишните односи со Вашингтон.

XS
SM
MD
LG