Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално е можна изолирана појава на слаб дожд, особено во западните делови на земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, во источните делови, каде наместа наместа ќе достигнува околу 60 км/час. Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 13 до 22 степена. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и свежо за овој период. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе се движи од четири до 15 степени.

XS
SM
MD
LG