Достапни линкови

Кери: Вашингтон не се откажува од разговорите за мир во Сирија


Американскиот потпретседател Џон Кери изјави денеска дека Вашингтон нема да се откаже од напорите да се донесе мир во Сирија, и покрај прекинот на преговорите со Русија на таа тема. Тој во својот говор во Брисел истакна дека Вашингтон и Москва и натаму ќе продолжат да разговараат за оваа тема во склоп на мултилатералните преговори.

Во однос на вчерашносто руско соопштение за прекинот на разговорите за Сирија, Кери истакна дека Вашингтон „ жали“ и е незадоволен од тоа што Русија ја отфрла дипломатијата и наместо неа избира да му помогне на режимот на сирискиот претседатал Башар ал Асад, во обидот да постигне воена победа врз опозициските борци.

Кери обвини дека Русија ги „затвора очите“ за употребата на недозволено хемиско оружје од страна на Асад против својот сириски народ.

XS
SM
MD
LG