Достапни линкови

logo-print

Иванов се сретна со министерката за одбрана на Словенија


Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со словенечката министерка за одбрана Андреја Катиќ, која престојува во официјална посета на Македонија. Претседателот Иванов, ги поздрави напорите за проширување на билатералната соработка на полето на одбраната, како и јакнењето на меѓуармиската соработка помеѓу Македонија и Словенија, е наведено во соопштението од неговиот кабинет. Иванов и Катиќ на средбата разговарале за мигрантската и бегалската криза, како и за безбедносните предизвици на земјите од Југоисточна Европа.

Иванов покажал интерес за зголемување на учеството на АРМ во операции предводени од ООН преку заедничко учество со Вооружените сили на Словенија, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.

XS
SM
MD
LG