Достапни линкови

Суспендирани над 12 илјади полицајци во Турција


Турските власти суспендираа од работа 12.800 полицајци, заради наводни врски со муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен кој живее во САД. Од Турската национална полиција денеска соопштиja дека над 2.500 од суспендираните биле полициски началници.

Властите отпуштија или суспендираа од работа десетици илјади луѓе по неуспешниот државен удар во јули, додека повеќе од 32 илјади луѓе се уапсени за вмешаност во обидот за пуч.

Турската влада го обвинува Ѓулен дека го планирал државниот удар, а тие тврдења тој ги негира

XS
SM
MD
LG