Достапни линкови

logo-print

Дебата на кандидатите за потпретседатели на САД


Кандидатите на демократите и на републиканците за потпретседател на САД денеска треба да се соочат на дебата пред претстојните избори. Дебатата меѓу републиканскиот кандидат, кој сега е гувернер на Индијана Мајк Пени и демократскиот сенатор Тим Кејн ќе се одржи во Универзитетот Лонгвуд во Вирџинија. Нивното соочување доаѓа во време кога се дозна дека претседателскиот кандидат Доналд Трамп можеби не платил данок на доход за 18 години.

За викендот весникот Њујорк Тајмс објави дека Трамп во 1995 година пријавил загуби на своите компании од дури 916 милиони долари, со што легално избегнал да плати данок во текот на наредните две децении. Трамп вели дека легално го користел даночниот закон за да го намали плаќањето данок. Неговата ривалка, Хилари Клинтон, пак вели дека тој е симбол на „лажираниот систем“ и лицемер.

XS
SM
MD
LG