Достапни линкови

Високиот комесар на ОН побара ограничување на правото на вето во Советот за безбедност


Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин, повика на „вонредни мерки“ за да се запре лавината ужасно насилство и уништување во северниот сириски град Алепо. Тој побара од Советот за безбедност да воведе ограничување на правото на вето на своите членови.

„Советот за безбедност треба да воведе нови критериуми со кои ќе се ограничи правото на членките да го користат правото на вето кога станува збор за сериозна загриженост во случај на можни воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид“, рече високиот комесар за човекови права. Со ограничувањето на правото на вето на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН ќе се овозможи и Меѓународниот кривичен суд во Хаг да одлучува за ситуацијата во Сирија, додава Хусеин. Претходните напори за такво нешто беа блокирани од страна на Русија, која е клучниот сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Алепо е под постојано бомбардирање откако беше прекинато примирјето пред две недели.

XS
SM
MD
LG