Достапни линкови

Во Собранието денеска за СЈО и за заштитени сведоци


Измените на Законот за Специјално јавно обвинителство и на Законот за заштитени сведоци денеска треба да се најдат на дневен ред на пленарна седница во Собранието. Координаторите на пратеничките групи вчера се договориле со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски пратениците да расправаат по овие два закона. Пратеничката група на СДСМ во петокот достави барање до Собранието за свикување итна седница, на која на дневен ред ќе бидат законите и ги повикаа сите политички партии во Парламентот да дадат поддршка за нивно донесување. ВМРО ДПМНЕ се противи на ваквите законски измени.

XS
SM
MD
LG