Достапни линкови

Москва: идниот ГС на ОН треба да е жена од источна Европа


Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин

Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин

Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин изјави дека Москва би сакала идниот генерален секретар на Обединетите нации да биде жена од источна Европа. „Веруваме дека е време источна Европа да го даде идниот генерален секретар. Многу би сакале тоа да е жена“, рече тој. По традиција ова место е ротирачко меѓу регионите во светот. На местото на сегашниот генерален секретар Бан Ки Мун се кандидирани и две жени од источна Европа. Бугарија во минатата недела ја номинира поранешната потпретседателка на Светската банка Кристалина Георгиева. Претходниот бугарски кандидат шефот на УНЕСКО Ирина Бокова за која се смета дека е блиска на Москва изјави дека останува во трката. Чуркин кој овој месец е претседавач на Советот за безбедност на ОН не индицираше кој од кандидатите ја има поддршката на Москва.

XS
SM
MD
LG