Достапни линкови

Девет мигранти се удавиле во близина на Либија


Италијанската крајбрежна стража соопшти дека само вчера нејзините припадници успеале да спасат над 6 илјади мигранти кои се обидувале да стигнат во Европа на 39 бротчиња. Тоа е најголем број на спасувања во еден ден. Најмалку деветмина од мигрантите се удавиле. Италијанските власти прецизираат дека само во едно гумено бротче имало над 700 мигранти. Според најновите податоци, од почетокот на годинава досега во Италија пристигнале 132 илјади мигранти, додека над 3 илјади се удавиле.

XS
SM
MD
LG