Достапни линкови

Во воздушен напад убиен командант на Нусра фронтот во Сирија


Висок командант на екстремистичката организација Нусра фронт, сега позната како Фатах ал Шам, и близок соработник на лидерот на Ал Каеда Ајман ал Завахири бил убиен во воздушен напад. Оваа група потврди дека еден од нејзините кандидати загинал откако Пентагон наведе дека во американско бомбардирање бил убиен истакнат припадник на таа организација. Станува збор за Ахмед Салма Мабрук, египтески џахидист познат како Абу Фараг ал Масри. Се наведува дека тој бил убиен во близина на границата со Турција.

XS
SM
MD
LG