Достапни линкови

Вонредната состојба во Турција продолжена за 3 месеци


Турската Влада денеска донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба во земјата за дополнитени три месеци, воведена по обидот за преврат во земјата. Претставник на Владата соопшти дека продолжувањето од три месеци почнува да тече од 19 октомври.

Вонредната состојба беше воведена на 20 јули, пет дена по неуспешниот обид за пуч при кој загинаа најмалку 270 лица. Турските власти го обвинуваат свештеникот Фетула Ѓулен, кој живее во САД за организирање на превратот. Околу 32 илјади луѓе беа уапсени за поврзаност со пучот.

XS
SM
MD
LG