Достапни линкови

Тачи очекува да продолжи дијалогот со Србија


Косовскиот претседател Хашим Тачи

Косовскиот претседател Хашим Тачи

Косовскиот претседател Хашим Тачи за време на денешната посета на Тирана, изјави дека Приштина ќе продолжи со целосна нормализација на односите со Белград. Според него, единственото решение е продолжување на дијалогот меѓу двете земји.

Нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, како што истакна, влијае и врз регионалната стабилност и засилувањето на односите меѓу државите во регионот. Тачи се сретна со албанскиот премиер и претседател Еди Рама и Бујар Нишани.

XS
SM
MD
LG