Достапни линкови

Екстрадирани 5 македонски државјани од Италија за џихадизам


Пет македонски државјани, меѓу кои една жена, се екстрадирани од Италија во Македонија под обвинение за џихадистичка пропаганда. Италијанската полиција две години, собрала материјали и докази за тоа дека македонските државјани, кои живееле во областа Фриули-Венеција Џулија, повикувале на џихад и шахид и славеле по повод нападите на милитантната група Исламска Држава, а воспоставиле и врски со радикални имами на Балканот.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано издал наредба за екстрадиција на македонските државјани. Тој изјави дека нивната превентивна работа е од огромно значење за борбата против тероризмот. Од почетокот на 2015 година од Италија има екстрадирано 121 исламски екстремисти.

XS
SM
MD
LG