Достапни линкови

Грузија бара Русија да престане да се меша во земјата


Грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили

Грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили

Грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили изјави дека Русија мора да ги третира поранешните советски републики како полноправни членки на меѓународната заедница. Во интервју за Радио Слободна Европа, тој истакна и дека Русија смета оти меѓународните закони не се целосно важечки за териториите кои според руската надворешна политика се дефинирани како земји кои се во непосредна близина.

Русија ги призна отцепените територии на Абхазија и Јужна Осетија како независни земји по кратката војна против Грузија во 2008 година. Русија има распоредено илјадници војници во регионот. Според Маргвелашвили, западот не ја разбрал целосно апсурдноста и трагедијата на тоа што се случило во 2008 година, кој, како што истакна довело до случувањата во Украина во 2014 година.

Тој го повика западот јасно да потенцира дека употребата на сила од страна на Москва врз суверенитетот и независноста на поранешните советски републики е неприфатливо.





XS
SM
MD
LG