Достапни линкови

Србија не исклучува затворање на границите за мигранти


Претседателот на Србија, Томислав Николиќ

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ денеска изјави дека неговата земја ќе ги затвори границите со цел да го спречи влезот на мигрантите. Србија, тоа ќе биде принудена да го направи, доколку, како што посочи Николиќ државите од Европската унија целосно ги блокираат своите граници за луѓето кои бегаат од војна и сиромаштија. Според него, земјата не треба да дозволи да се претвори во крајна дестинација од која мигрантите повеќе нема да можат да се движат напред. Во Србија моментално има околу 6.000 мигранти.

XS
SM
MD
LG