Достапни линкови

Нападнат воен камп во Индија


Индиските власти соопштија дека милитанти извршиле напад врз еден од воените кампови во Кашмир при што загинал еден припадник на безбедносните сили, а друг бил повреден. Полицијата соопшти дека престрелката меѓу напаѓачите и индиските трупи завршила во раните утрински часови. Воениот камп е локалното седиште на контраразузнавачката воена единица.

XS
SM
MD
LG