Достапни линкови

logo-print

Штрајк во Полска против забрана за абортус


Протест пред полскиот парламент против предлог законот за абортус.

Протест пред полскиот парламент против предлог законот за абортус.

Жени во Полска започнаа штрајк во знак на протест против предлог законот за целосна забрана на абортус во земјата. Работничките ја бојкотираа нивната работа, а студентките предавањата на таканаречениот „Црн понеделник“. Тие исто така маршираа низ улиците во Варшава и другите градови во земјата носејќи црно како знак на жалост за нивните репродуктивни права.

Полска веќе го има еден од најрестриктивните закони за абортус во Европа. Предлогот законот е поднесен по иницијативата на граѓаните кои се залагаат против абортусот и која собра 450 илјади потписи и е поддржан од црквата и конзервативната владејачка партија.

XS
SM
MD
LG