Достапни линкови

Уставен ќе расправа за аболицијата, не за СЈО


Седница на Уставен суд.

Седница на Уставен суд.

Уставниот суд на седницата во среда ќе расправа за одлуката за помилување на 56 лица која ја донесе претседателот Ѓорѓе Иванов. Највисокиот суд во државата ја стави на дневен ред аболицијата на последната седница пред Собранието да се распушти на 12 октомври на 100 дена пред одржувањето на предвремените парламентарни избори. Иванов аболицијата најпрвин делумно ја поништи на 27 мај, а потоа и целосно на 6 јуни. Уставноста на Специјалното јавно обвинителство се уште не е ставена на дневен ред на Уставниот суд. Меѓу помилуваните беа и лица кои се осомничени и обвинети од СЈО.

XS
SM
MD
LG