Достапни линкови

Нобеловата награда за медицина за јапонецот Охсуми


Годнашната награда за медицина ја доби јапонецот Јошинори Охсуми за неговото откритие на механизми за деградирање и рециклирање на клеточните компоненти, соопшти денеска во Стокхолм Комитетот за доделување на Нобеловата награда. „Неговите откритија го отворија патот за разбирање на многу физиолошки процеси, како на пример во адаптацијата на глад или на инфекција", се додава во соопштението. Оваа награда во вредност од над 930 илјади долари е прва од неколкуте други кои се доделуваат секоја година. Нобеловата награда за прв пат е доделена во 1901 година и е востановена по тестамент на пронаоѓачот на динамитот, шведскиот бизнисмен Алфред Нобел.

XS
SM
MD
LG