Достапни линкови

Колумбијците го отфрлија мировниот план


Колумбијците на вчерашниот референдум го отфрлија мировниот план со марксистичкото герилско движење со што се става крај на 52 годишната граѓанска војна во таа земја. 50,2 насто гласаа против, додека 49,8 беа „за“ планот. Одѕивот на референдумот бил 37 насто. Изненадувачкото отфрлање на мировниот план дојде откако тој беше поздравен од целата меѓународна заедница. И владата и марксистите веднаш ветија дека ќе продолжат да работат на обнова на нивниот мировен договор. Колумбискиот претседател Хаун Сантос изјави дека прекинот на огнот останува во сила.

XS
SM
MD
LG