Достапни линкови

logo-print

Над 50 загинати на верски собир во Етиопија


Регионалната влада на областа Оромија во Етиопија потврди дека 52 лица загинале во паниката кога полицијата се обидела да ги разбие антивладините протести во текот на еден голем верски фестивал. Се проценува дека на собирот учествувале околу два милиона луѓе. Очевидци велат дека полицијата ги растерала демонстрантите во областа Оромија која е една од политички најчувствителните области во источна Африка. Жителите на оваа област се незадоволни поради политичката и економската маргинализација.

XS
SM
MD
LG