Достапни линкови

Сириската армија ги повика бунтовниците во Алепо да се предадат


Сириската армија побара од антивладините сили да го положат оружјето и да го напуштат опколениот град Алепо кој е под тешки воздушни напади од сириски и руски авиони. Во Алепо се уште се наоѓаат 250 илјади цивили. Во повикот на сириската армија се бара од бунтовниците да го напуштат градот и да им дозволат на цивилите, како што се наведува, „да живеат нормален живот“. Шефот на Обединетите нации за хуманитарна помош на Сирија Стивен О Брајан побара итна меѓународна акција за запирање на крвопролевањето во Алепо, најголемиот град во Сирија.

XS
SM
MD
LG