Достапни линкови

Мал одѕив на референдумот во Унгарија за мигрантите


Поголемото мнозинство од унгарците кои гласаа на вчерашниот референдум ги отфрлија квотите за прием на мигранти што ги постави Европската унија. И покрај екстензивната антимигрантска кампања, одѕивот не достигна над 50 насто од гласачите, со што референдумот е неважечки. Со скоро сите пребројани гласови, над 3,2 милиони луѓе, или 98 насто од оние што излегоа на гласање ја поддржаа владата за отфрлање на квотите. Но одѕивот е околу 43 насто. Владата прогласи победа наведувајќи дека дека сепак граѓаните ја поддржуваат нејзината антимигрантска политика.

XS
SM
MD
LG