Достапни линкови

Времето денеска: претпладне врнежливо, попладне сончево


Во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, особено во северните делови. Потоа ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен, а во вечерните часови на места и засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се движи од 5 до 11, а максималната од 22 до 29 степени. Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд, потоа сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер, а во вечерните часови и засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 26 степени.

XS
SM
MD
LG