Достапни линкови

logo-print

Приведена сопругата на опозициски активист во Киргистан


Киргистанските власти ја затворија сопругата на таџекистанскиот опозициски активист Собир Василев, тврдат нејзината фамилија и активистите за човекови права.

Шефот на киргистанската организација за човекови права Кулум Шаму за РФЕ денеска изјави дека Џанет Камзаева била приведена во текот на ноќта од членови на киргистанскиот безбедносен сервис.

Таа била притворена по нејзиното пристигнување во Бишкек од Истанбул. Приведувањето го потврди и нејзината мајка која живее во Бишкек, а Валиев рече дека неговата сопруга пристигнала во Киргистан за да се грижи за својата мајка и дека нема никакви политички активности.

Валиев кој во моментот живее во Полска, го критикуваше Таџекистан за непочитување на човековите права на конференцијата на ОБСЕ која се одржа во Варшава минатата недела.

XS
SM
MD
LG