Достапни линкови

Турција- Приведен братот на Фетула Ѓулен


Турските власти го приведоа братот на Фетула Ѓулен, свештеникот кој живее во егзил во Содинетите Американски Држави а кого Анкара го обвини дека стои зад неуспешниот обид за пуч во јули.

Полицијата го приведе Кутбетин Ѓулен во домот на негов роднина во градот Измир со обвинение дека бил член на терористичка група, пренесе агенцијата Анадолија денеска.

Новинската агенција наведува и дека тој во моментов е на распит во антитерористичката полиција.Во веста пишува и дека книги напишани од неговиот брат биле пронајдени и запленети во куќата.

Ѓулен кој живее во САД негира каква било вклученост во обидот за пуч. Околу 32 000 луѓе беа уапсени по обидот за пуч во јули годинава за наводна поврзаност со Ѓулен. Неколку илјади пак беа избркани од работа, а сето тоа предизвика меѓународна загриженост.

XS
SM
MD
LG