Достапни линкови

Украинската војска и сепаратистите се повлекуваат од градовите на фронтот


Украинската војска и сепаратистите поддржани од Русија најавија повлекување од градот кој се наоѓа на фронталната линија во согласност со договорот за демилитаризација постигнат минатиот месец.

Портпаролот на украинската војска Валентин Шевченко вчера рече дека двете страни ги повлекле своите сили неколку километри од градот Золоте, во кој неодамна имаше жестоки борби. Тој додаде дека некои членови на набљудувачката мисија на ОБСЕ го потврдиле повлекувањето.

Михаил Филимоненко, преставник на сепаратистите рече дека ниту еден војник не останал на позициите кои претходно ги заземаа, исполнувајќи го тоа што се бара во мировниот договор од Минск. Претставници на украинската влада и промосковските сепаратисти во септември постигнаа договор во Минск за повлекување на тешкото оружје и војската од Золоте, Станитсија Луханска и градот Петровске во регионот Донетск.

Нема извештаи за повлекување во другите два града. Според планот треба да се создаде периметар од три километри околу градовите што се наоѓаат на фронтот. Ова ќе биде прв напредок забележан месецов во врска со мировниот процес од Минск.

XS
SM
MD
LG