Достапни линкови

Папата Францис одржа миса во Баку


Папата Францис денеска одржа миса во главниот град на Азербејџан Баку во рамки на неговата турнеја на Кавказот на која промовира толеранција и мир.

По неговото пристигнување на аеродромот во Баку тој одржа миса во католичката црква која беше изградена во 2002 година по посетета на папата Јован Павле Втори.

За време на неговата десетчасовна посета на Баку понтифот ќе се сретне и со претставници на повеќе религии, како и со долгогодишниот претседател Илхам Алиев. Локалните медиуми не посветуваат многу внимание на посетата на папата во земјата која се претежно шиити муслимани а има малку католици.

XS
SM
MD
LG