Достапни линкови

Британија ќе го покрене процесот за излегување од ЕУ до март


Британската премиерка Тереза Меј рече дека нејзината влада ќе го потегне формалниот процес за излегување од Европската унија до крајот на март 2017 година.

Меј го потврди крајниот рок за активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор во денешното интервју за Би-би-си.

Во договорот се дефинирани правила за двегодишниот преговарачки процес за излегување на членка од блокот во кој има 28 земји.

Меј рече дека ќе открие дополнителни детали во нејзиниот говор подоцна денеска на годишната конференција на нејзината центро-десничарска Конзервативна партија.

XS
SM
MD
LG