Достапни линкови

Локални избори во Босна и Херцеговина


Гласачите во Босна и Херцеговина денеска се изјаснуваат на локални избори кои се случуваат во период на обновени етнички тензии. Околу 3,2 милиони граѓани имаат право на глас во земјата која бара членство во Европската унија.

Во Република Српска, една од двата босански ентитети, ќе се бира меѓу ултранационалистичка партија и про-ЕУ коалицијата. Претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој се залага за сецесија од Босна и блиски релации со Русија и неговата коалиција се натпреваруваат за гласови против прозападната Алијанса за промени.

Тие го обвинуваат Додик дека е корумпиран и не успеал да ја подобри лошата економија во Република Српска. Додик туку што одржа контроверзен реферндум за српски национален празник и покрај тоа што беше забранет од босанскиот виш суд.

Во северозападниот град Велика Кладуша, обвинетиот за воен криминал, 77 годишниот Фикрет Абдиќ се натпреварува за градоначалник и очекувањата се дека ќе победи. Абдиќ, босански муслиман е осуден за воени злосторства од хрватски суд во 2002 година и одлежа десет години во затвор. Во Сребреница, позната по масакрот на 8000 муслимани од силите на босанските Срби во 1995 година, фаворит за градоначалник е етнички Србин.

XS
SM
MD
LG