Достапни линкови

Времето денеска сончево и топло


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд. Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 24 до 31 степен. Во Скопје слично време со температура од осум до 29 степени.

Во понеделник кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса од север. Ќе почне да дува засилен северен ветер кој во наредните денови ќе услови значителен пад на температурата на воздухот.

XS
SM
MD
LG