Достапни линкови

logo-print

Москва го повика холандскиот амбасадор на состанок


Руското министерство за надворешни работи го повика холандскиот амбасадор на распит во Москва за меѓународната истрага предводена од Холандија за летот МХ 17.Истрагата утврди дека руска воена ракета била испукана од територија од Источна Украина под контрола на сепаратистите од што беше урнато цивилното летало МХ 17 во 2014 година.

Министерството соопшти дека состанокот на трети октомври е одговор на сличните акции на холандските власти во Хаг. Претходно неделава тимот од меѓународни истражувачи го презентираше извештајот во кој се наведува дека ракета од типот БУК била користена за да се урне леталото на Малезија Ерлајнс.

Сите 283 патници и 15 членови на екипажот кои патуваа од Амстердам до Куала Лумпур загинаа. На 30 септември холандското министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор во Хаг дипломатски да го прекори откако Москва излезе со критички забелешки за истрагата.

XS
SM
MD
LG