Достапни линкови

logo-print

Уапсени 15 вработени на Универзитетот во Измир


Во рамки на акцијата против привразниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, турските власти денеска упасија 15 вработени на Универзитетот во Измир, кој е еден од најстарите високообразовни институции во Турција.

Како што јавија турските медиуми, уапсените се наоѓаат на листата од 23 лица, меѓу кои има и универзитетски професори, кои се осомничени за поврзаност со организаторите на неуспшениот обид за преврат од 15 јули.

Дел од уапсените се товарат дека го користеле тајниот систем за комуникација, кој според властите, го осмислиле организаторите на пучот за размена на меѓусебни информации.

По неуспешниот обид за воен удар, турските власти уапсија над 32.000 лица, меѓу кои и воени офицери, полицајци, државни службеници, судии, обвинители. професори, бизнисмени, новинари и спортисти.

XS
SM
MD
LG