Достапни линкови

Атамбаев се врати во Киргистан


Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев се врати дома во Бишкек по повеќе од недела помината во руска болница каде што, како што соопштија од неговиот кабинет имал третмани за можни проблеми со срцето откако се разболи при неговиот престој во рамки на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Канцеларијата на 60 годишниот претседател претходно неделава соопшти дека комликациите поврзани со срцето се целосно надминати и дека тој имал значајно подобрување. Влошувањето на здравјето на Атамбаев доаѓа во период на политичка битка за предложените уставни промени во Казахстан, една од петте централно азиски поранешни советски републики која се смета за најдемократска.

Неговите сојузници во парламентот деновиве продолжија да притискаат за закон за одржување на национален референдум на четврти декември на кој ќе се гласа за амандманите со кои ќе се зголеми моќта на премиерот. Според најавите Атамбаев ќе се повлече идната година во согласнот со законски дозволениот мандат за претседател. Тој се жалел на болки во градите и бил префрлен неколку дена во болница во Турција па потоа во Русија.

XS
SM
MD
LG