Достапни линкови

logo-print

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите на 11 декември


Истражувањата покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе победи на претстојните избори на 11 декември со значајна разлика, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање на денешната средба со преставници и пратеници од Европската народна партија (ЕПП) кои учествуваат на есенската сесија и на Парламнетарното собрание на ОБСЕ кое од вчера се одржува во Скопје.

“Изминатите десет години спроведени се многу реформи и проекти кои се важни за иднината на земјата. Сите овие резултати и проекти беа препознаени од македонските граѓани. Сега ни претстојат избори на 11 декември а сите индикатори покажуваат дека повторно ќе победиме на изборите со значајна разлика” рече Груевски.

Тој изрази надеж дека со овие избори политичката криза во Македонија ќе заврши и оти треба да се почитува волјата на народот изразена на изборите.

“Кризата треба да е привремена не смее да трае премногу долго. Долгите кризи се лоши за секоја држава и за секое општество, а во секоја демократија народот е тој кој што треба да се остави да одлучи кому ќе му ја даде довербата и поддршката” рече Груевски.

Заменик координаторот на групата пратеници од ЕПП во ПС на ОБСЕ Маргарета Цедерфелд која е претставник на Шведска, изрази уверување дека ВМРО-ДПМНЕ како нивна сестринска партија ќе победи на претстојните избори во Македонија. Таа додаде дека пред земјата претстојат и низа други предизвици како што се економските реформи, кои треба да доведат до членство во ЕУ и НАТО. Особено ја истакна и улогата на земјата во справувањето со бегалската и мигрантската криза подвлекувајќи дека Македонија е клучната земја која придонесе да се затвори балканската рута.

XS
SM
MD
LG