Достапни линкови

Азербејџан ги возобновува односите со Европскиот парламент


Азербејџанскиот парламент гласаше за резолуцијата за продолжување на соработката со Европскиот парламент која беше суспендирана повеќе од една година. Во резолуцијата изгласана вчера се наведува дека чекорите преземени од Европскиот парламент овозможуваат возобновување на дијалогот и соработката.

Во септември 2015 година, како одговор на критицизмот од Европската унија за нарушување на човековите права од владата во Баку, азербејџанскиот парламент го замрзна своето учество во парламентарниот форум- Еуронест. Тоа преставува форум во кој се вклучени националните парламенти на Украина, Молдавија, Белорусија, Ерменија Азербејџан и Грузија.

Азербејџанскиот парламент исто така лани во септември го замрзна учеството во комитетот за соработка меѓу Европската унија и Азербејџан. Делегација на Европскиот парламент го посети Азербејџан од 19 до 21 септември и разговараше со претседателот Илхам Алиев за возобновување на односите.

XS
SM
MD
LG